ЖЕНА ЌЕ ГО ВОДИ ТВИТЕР НАМЕСТО МАСК? Новата шефица треба да седне на столчето за шест недели
Ако Маск навистина назначил жена извршна директорка, тоа би ја направило една од ретките жени кои го достигнале врвот на голема технолошка корпорација. Жените во САД сочинуваат помалку од 10 отсто од извршните директори на технолошките фирми вклучени во 500-те најголеми американски компании минатата година.
Твитер ќе има жена-шефица, а таа ќе започне со работа за шест недели, откри сегашниот шеф Илон Маск. Милијардерот твитна дека „мојата улога ќе премине во извршен претседател и директор на директори, надгледување на производи, софтвер и системи“, пишува Би-Би-Си.
Маск веќе подолго време е под притисок да стане од шефовското столче, а за ова му пишуваа многу луѓе на социјалните мрежи. Беше организирана и анкета во која луѓето гласаа да се повлече, а потоа тој искоментира:
„Никој не сака да го работи тоа што всушност може да го одржи Твитер во живот“.
Акциите на Тесла пораснаа по објавувањето на твитот дека Маск ќе биде заменет од нова шефица. Маск претходно беше обвинет од акциониерит дека ја напуштил Тесла откако го купил Твитер за 44 милијарди долари.
Ако Маск навистина назначил жена извршна директорка, тоа би ја направило една од ретките жени кои го достигнале врвот на голема технолошка корпорација.
Жените во САД сочинуваат помалку од 10 отсто од извршните директори на технолошките фирми вклучени во 500-те најголеми американски компании минатата година.
Можеби новата шефица ќе има повеќе слух за проблемите кои Твитер ги има со компании кои се рекламираат на мрежата. Се вели дека голем дел од огласувачите во моментот стравуваат дека можат да си направат лоша реклама бидејќи нивните објави ќе се појават рамо до рамо со разни екстремистички објави поради фактот што Илон Маск не сака да цензурира твитови и се прогласи себеси за „апсолутист на слободата на говорот“.