Жена без проблем ја украде 20 килограми тешката саксија (ВИДЕО)

На видеото може да се забележи како жена ја подигнува големата саксија пред локалот „Радио бар“.

6,989

Во скопско Дебар Маало на безбедносните камери е забележан нов случај на кражба на украсно цвеќе.

Како што може да се забележи на снимката, една повозрасна жена со кратка коса, големата саксија, поставена пред „Радио бар“, кој тежи најмалку 20 килограми, ја подига и ја носи, најверојатно до возилото кое претходно можеше да се забележи дека застанува во близина на локалот.






За само неколку месеци, ова е трет случај на слична кражба на саксии со цвеќе забележан на снимки од безбедносни камери, а во сите случаи, крадците беа жени.

Поврзани содржини