ЖЕЛИНО ЈА ВЖЕШТИ АТМОСФЕРАТА Министерот Маричиќ тврди дека ќе се најде решение со Беса
Не би требало да има политички импликации. Мислам дека низ разговори и состаноци ќе ги разрешиме сите тие дилеми. ДИК донела одлука и тоа не е само за Желино - вели Маричиќ.
Министерот за правда Бојан Маричиќ е убеден дека ќе се решат сите дилеми и нема да има никакви последици, и покрај заканата што ја упати генералниот секретар на Беса и министер за земјоделство Аријанит Хоџа, дека оваа партија може да излезе од мнозинството и да ја урне Владата.
Тоа се случи, откако Државната изборна комисија (ДИК) прифати приговор на ДУИ и одлучи да се прегласува на едно избирачко место во Желино, општината во која кандидатот на Беса победи пред ривалот од ДУИ со само 69 гласа разлика, а сега може да дојде до прегласување.
– Не би требало да има политички импликации. Мислам дека низ разговори и состаноци ќе ги разрешиме сите тие дилеми. ДИК донела одлука и тоа не е само за Желино – вели Маричиќ.
Тој додаде дека и за денеска се предвидени серија средби на коалициските партнери, па се очекува наредната недела да се излезе со конкретен план.