ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ Е НОРМАЛИЗИРАН Машиновозачите добија позитивен одговор за дел од барањата

До раководството на железничкото претпријатие на 2 октомври биле доставени 15 барања, а откако немало исход донесена е одлука за бојкот. Дел од барањата се исплата на прекувремени часови, бонус плата за над 150 прекувремени часови, покачување на коефициентот за 0.80 поради зголемени животни трошоци, исплата на додаток од 10% на платата за вонредно повикување на работа.

0

Железничкиот сообраќај во државава од ноќеска е нормализиран откако Синдикатот на машиновозачи на Македонија го прекина бојкотот по преговорите што се одвивале синоќа со раководството на МЖ Транспорт и претставници на Министерството за транспорт.

– Имавме преговори кои вродија со плод,  дел од барањата се исполнети и колегите одлучија за да не се прават дополнителни трошоци и  бојкотот засега да се прекине. Сообраќајот е нормализиран ноќеска во 01.30 часот. Првиот  воз замина за Куманово во 4.57 – изјави за МИА Тони Димовски, претседател на  Синдикатот на машиновозачи на Македонија и претставник на машински и извршен персонал во МЖ Транспорт.






Димовски најави дека ќе продолжи дијалогот со раководството.

Според Димовски, во текот на бојкотот, што почна вчера во 13.30 часот, биле стопирани сообраќања на пет патнички воза, два за Битола, и по еден за  Куманово, Гевгелија и за Велес, додека кај товарните возови немало застои освен задоцнувањата поради активности на пругите.

До раководството на железничкото претпријатие на 2 октомври биле доставени 15 барања, а откако немало исход донесена е одлука за бојкот. Дел од барањата се исплата на прекувремени часови, бонус плата за над 150 прекувремени часови, покачување на коефициентот за 0.80 поради зголемени животни трошоци, исплата на додаток од 10% на платата за вонредно повикување на работа.

Поврзани содржини