ЖЕЛЕЗНИЦАТА СЕ ПОДГОТУВА ЗА ПРЕНОС НА ЈАГЛЕН ЗА РЕК БИТОЛА Се реконструира станицата „Никола Карев“

Директорот на Инфраструктура информира дека во соработка и со ТЕЦ Неготино се реконструира колосекот до термоцентралата.

1,482

Железници Инфраструктура се вклучува од логистички аспект во решевање на енергетската криза и презема активности да се стават во функција капацитетите за транспорт на јаглен и мазут, изјави денеска за МИА Хари Локвенец, директор на ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Како што информира Локвенец, ЖРСМ Инфраструктура во соработка со ТЕЦ Неготино е во финална фаза за целосната реконструкција на колосекот до термоцентралата, со што ќе овозможи непречен и безбеден транспорт на сите потребни количини мазут во следниот период. Активностите за таа цел се споредуваат во изминатите две недели.






– Самоиницијативно, ЖРСМ Инфаструктура пристапи кон подготовка на железничката станица „Никола Карев“ во близина на Битола, која моментно не е во употреба, а претставува најблиската точка за логистичка поддршка на железнички транспорт на јагленот до РЕК Битола – рече Локвенец.

Оваа реконструкција, информира, ќе биде завршена во текот на неделава. Станицата не е во употреба поради малата фрекфенција, а ја подговтвуваме за да биде најдобрата  логистичка поддршка за транспорт на јаглен. На ваков начин, укажа Локвенец, со камионски транспорт јагленот би се транспортирал само 10 километри.

-Реконструкцијата е во насока на задоволување на сите еколошки стандарди, со оглед дека претоварот може да биде и еколошка закана – дополни Локвенец.

 

Поврзани содржини