ЖЕГАТА ПОПУШТА Денеска најмногу до 35 степени, утре локален дожд

Променливо облачно и нестабилно ќе биде во сабота, кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со појава на град. Од недела следува период на стабилно и топло време.

396

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени. УВ зрачењето ќе изнесува 8.

Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 32 степена.






Утре попладне, претежно во јужните делови, ќе има локален пороен дожд и грмежи. Променливо облачно и нестабилно ќе биде во сабота, кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со појава на град. Од недела следува период на стабилно и топло време.

Поврзани содржини