ЖЕДЕН Е ЗА ВНИМАНИЕ Вреди му реплицира на Зијадин Села

Политичката логика е едноставна, оној што е во очај се обидува да создаде непостоечки ситуации за да се претстави како жртва во очите на гласачите, пишува Вреди.

851

„Обидите да се создаде ситуација во Струга, каде што навистина го нема и не може да има, се разочарувачки и се поврзуваат со коалицијата која со право го носи името на агонизирачкото трио Ахмети, Таравари и Селапишува Вреди во соопштение со кое реагира на објавата на Зијадин Села со која тој негира дека комуницира со лидерот на ова движење Изет Меџити за евентуално негово напуштање на коалицијата предводена од ДУИ и влегување во владата.

„Секој обид да се поврзе коалицијата Вреди, или кандидатот што го поддржуваме, Менди Ќира, со каков било вид вештачка тензија е неточен и надвор од секоја политичка логика. Зошто коалицијата или кандидатот кој е фаворит за победа на изборите на 2 ноември би создавале тензии?






Политичката логика е едноставна, оној што е во очај се обидува да создаде непостоечки ситуации за да се претстави како жртва во очите на гласачите, стратегија што оди во прилог на кандидатот на Зијадин Села и Левица, Арсим Далипи. Целата јавност знае дека соработката помеѓу НАИ и Левица е очигледна, и во Тетово и во Струга. Затоа, овие обиди за создавање конфузија се залудни и разочарувачки“ – се вели во соопштението на Вреди.

СЕЛА НЕГИРА ДЕКА КОМУНИЦИРА СО МЕЏИТИ Тврди дека нема да влезе во Владата

Поврзани содржини