Жељко Бебек во Охрид на 21 август
Билетите ќе бидат пуштени во продажба онлајн во среда на 15-ти јуни во 09 часот наутро, а од четврток и во Avalon Music and Ticket store во ГТЦ и на продажните места во мрежата на Авалон низ земјава по следниве цени и категории: ТРИБИНИ – 1.000 денари и ВИП – 1.500 денари, соопштија од Авалон.
Еден од најголемите пејачи на Балканот на сите времиња, легендарниот Жељко Бебек, ќе одржи концерт на 21 август во Охрид, соопшти Авалон.
„Големо задоволство ни е да ве информираме дека покрај Амира Медуњанин, Дарко Рундек и Екипа, Авалон Продукција потврди уште едно големо име кое доаѓа во Антчки во Охрид, во последиот квартал на ова лето. Еден од најголемите пејачи на Балканот на сите времиња, легендарниот Жељко Бебек, со којшто бевме приморани да ги откажеме двата речиси распродадени концерти во Македонската филхармонија, а кои требаше да се одржат на крајот од месец март, овој пат ќе одржи свој концерт на 21-ви август во Охрид на отворено. Билетите ќе бидат пуштени во продажба онлајн во среда на 15-ти јуни во 09 часот наутро, а од четврток и во Avalon Music and Ticket store во ГТЦ и на продажните места во мрежата на Авалон низ земјава по следниве цени и категории: ТРИБИНИ – 1.000 денари и ВИП – 1.500 денари“, соопштија од Авалон.
Оттаму потсетуваат дека капацитетот на Антички ќе биде намален за 50 проценти, согласно протоколите за одржување на јавни настани на отворено, а во продажба ќе бидат пуштени само 1.200 влезници. Влезот за сите посетители задолжително ќе биде со заштитни маски.
„Сите оние што сè уште ги чуваат билетите за концертите во Македонската филхармонија, ќе може да го гледаат Бебек во Охрид open air со истите влезници, заменети за ВИП влезници. За деталите околу ова, ве молиме да нè контактирате во инбокс. Доколку не ви одговара охридскиот термин, со истите билети ќе може да го гледате Бебек во Скопје во Македонската филхармонија, во февруари 2021 година“, информираат од Авалон.