Евроамбасадорот Самуел Жбогар преку својот твитер профил ја најави помошта од ЕУ за Северна Македонија за справување со коронавирусот.
„Сите сме заедно во борбата против злобниот вирус. Во ова време на потреба, ЕУ ќе ја поддржи Северна Македонија до 4 милиони евра за итни потреби, 50 милиони за социјално и економско закрепнување, 9 милиони за приватниот сектор и до 3 милиони евра директна буџетска поддршка“, напиша евроамбасадорот Жбогар.
Тој ја поздрави и одлуката на ЕУ за старт на пристапните преговори со земјава.
„Горд сум што и во овие тешки времиња, земјите членки на ЕУ ги признаа напорите на Северна Македонија и решија да започнат преговорите за пристапување. Започна нашето заедничко патување. #idninazaedno #napredzaedno #EUsoTebe #EUwithU“, порача евроамбасадорот Самуел Жбогар.