ЖАРКО ЛАУШЕВИЌ ИТНО Е ХОСПИТАЛИЗИРАН Актерот е пратен на дополнителни прегледи

Актерот Жарко Лаушевиќ итно е хоспитализиран. Тој беше примен пред неколку дена во КБЦ „Бежанијска коса“.

1,091

Познатиот српски актер Жарко Лаушевиќ итно е хоспитализиран. Тој беше примен пред неколку дена во КБЦ „Бежанијска коса“, пишува порталот „24седам“.

Влошената здравствена состојба на актерот од пред неколку месеци кулминираше во последните неколку дена, па тој итно е хоспитализиран, а во моментов е на дополнителни прегледи.






Извор близок до актерот изјавил дека без оглед на ситуацијата, Лаушевиќ не сакал да го пропушти продолжението на снимањето на серијата „Калкански кругови“ во текот на летото на која работел во Аранѓеловац.

Во текот на викендот итно му биле извршени крвни тестови, а соодветно на тоа ќе биде утврден понатамошниот тек на лекување.

Во меѓувреме, српски „Телеграф“ дека Лаушевиќ се наоѓа во споменатата установа на редовна терапија.

– Жарко Лаушевиќ е во стабилна состојба и не му е загрозен животот. Тој веќе извесно време има проблем со белите дробови, но не бил итно примен во болница, туку доаѓа на редовна терапија – вели изворот на српски „Телеграф“.

 

Поврзани содржини