Жан-Жулиен Рожер е првиот тенисер позитивен на ковид-19 на Олимпијадата

За жал, докторот ме повика денеска за да ми соопшти дека мојот тест е позитивен. Немам зборови, направив сè што можев за да не се заразам и навистина не знам како се случи тоа - изјави Рожер

240

Холандскиот тенисер Жан – Жулиен Рожер го откажа настапот на Олимписките игри во Токио во конкуренција на двојки поради позитивен тест на коронавирус

Рожер и Весли Кулхоф беа назначени за осми носители во конкуренција на двојки, а во првото коло ги совладаа Белгијците Сандер Жил и Јоран Влиеген со 6:3, 7:6.






– За жал, докторот ме повика денеска за да ми соопшти дека мојот тест е позитивен. Немам зборови, направив сè што можев за да не се заразам и навистина не знам како се случи тоа – изјави Рожер, кој е првиот спортист позитивен на ковид-19 на олимпискиот тениски турнир и вкупно шести заразен член во холандската делегација.

Поврзани содржини