„Жан Митрев“ става на располагање 40 респиратори за возрасни, 6 за деца и 2 транспортни инкубатори за бебиња

Нашата клиника спроверува најригорозни мерки за заштита од вирусот во целиот објект на клиниката со цел врвна безбедност и сигурност на сите пациенти, посетители и вработени“, стои во соопштението.

1,311

Клиничката болница „Жан Митрев“ ги понуди сите свои капацитети во однос на новонастанатата состојба со пандемија на коронавирусот, наведено е во соопштението од болницата.

„До Министерството за здравство упативме податоци за сите наши капацитети и од вработен персонал и од техничко-технолошка опременост во насока на искористување за потребите на државата, а по план и програма што ќе ги одреди или побара од нас ресорното министерство. Во таа насока, уште еднаш потенцираме дека понудивме 40 респиратори за возрасни, 6 за деца и 2 транспортни инкубатори за новороденчиња. Нашата клиника спроверува најригорозни мерки за заштита од вирусот во целиот објект на клиниката со цел врвна безбедност и сигурност на сите пациенти, посетители и вработени“, стои во соопштението.

Поврзани содржини