ЖАН МИТРЕВ СЕ БРАНИ „Срам да им е на сите кои нè обвинуваат за профитерство“

Според деталните болнички извештаи, во „Жан Митрев клиника“ биле хоспитализирани вкупно 1.738 пациенти си ковид, од кои 1.296 преживеале.

386

„Клиника Жан Митрев“ ниту денар нема земено повеќе од пациентите за време на пандемијата, дури ниту поради погрешна финансиска пресметка. И Управата за јавни приходи како и независни вештаци утврдија дека секој депозит што е земен а не бил искористен, до денар е вратен на пациентите.

Ова е соопштено на денешниот брифинг на д-р Жан Митрев со новинарите.






„Во 2020 година на нашите пациенти им вративме над 2 милиони евра, во 2021 година вративме 3 милиони и 200 илјади евра од аванси. За какво профитерство се зборува овде, доколку сме сакале да направиме нешто зар ќе им вратевме на пациентите 5 милиони и 200 илјади евра во време на Ковид. Срам да им е на сите кои нè обвинуваат за профитерство“, нагласува д-р Жан Митрев.

Во текот на лекувањето на пациентите ништо не е направено вон насоките и процедурите. Со процесот на хемофилтрацијата се спасени човечки животи. Тоа се потврдува и со смртноста којашто во клиниката е ниска во време на ковид. Според деталните болнички извештаи, во „Жан Митрев клиника“ биле хоспитализирани вкупно 1.738 третирани пациенти, од кои 1.296 преживеале.

– Бактериските инфекции во време на ковид беа поради имунодефицитна состојба на пациентите како последица на прекумерно користење антибиотици и кортикостероиди. Во „Жан Митрев клиника“ никој не криел интрахоспитални инфекции, во КОВИД пандемијата најголем број од инфекциите пациентите веќе ги имаа со себе и беа третирани соодветно – нагласи д-р Митрев.

Поврзани содржини