Жан Митрев: Не сум оптимист, наесен ќе биде многу полошо со ковид-19

Во комбинација со поладната атмосфера и затворени простории, ќе почне и скопското загадување, ќе дојдат и другите додадни вирусни заболувања, сезонски грипови, ќе се искомплицира ситуацијата, вели Митрев.

1,041

Не сум отптимист, состојбата со корона вирусот наесен ќе биде многу лоша, рече кардиохирургот Жан Митрев во гостувањето во  „Само Вистина“.

– Не сум оптимист, следејќи ги параментите кај нас и во светот, покрај тоа што желбата е да се вратиме во нормала, нема втор бран туку континуирано зголемување на бројките. Но, сега по олабавувањето, под притисок на многу фактори кои се животно важни, а тоа е економијата, тоа придонесе да се олабават на сите страни, не само кај нас. За жал, се гледа дека тоа континуирано продолжува. Не можеме да кажеме дека е нешто надминато, кога бројките го зборат спротивното. Како ќе биде наесен, јас мислам дека ќе биде многу лошо. Многу ќе се зголемат бројките во однос на тешко болни пациенти.  Во комбинација со поладната атмосфера и затворени простории, ќе почне и скопското загадување, ќе дојдат и другите додадни вирусни заболувања, сезонски грипови, ќе се искомплицира ситуацијата  –  рече Митрев.

Поврзани содржини