ЗГОЛЕМЕНИТЕ КОНТРОЛИ ВО ЦАРИНАТА ДАДОА РЕЗУЛТАТИ За 3 месеци се наплатени речиси 600 милиони евра

Директорот на Царинската управа Николовски дека само во текот на месец август се покренати 18 дисципински постапки, а дел од овие активности се и неодамнешните апсењата во рамки на Царинската управа од страна на МВР по налог на Јавното обвинителство.

547

Зголемените контроли на Царинската управа резултираа со повисока наплата на приходи во износ од 35,4 милијарди денари остварени во 100 дена, што е за 9,2% или 3 милијарди повеќе од минатата година. Преку засилување на контролите е евидентиран зголемен пријавен увоз на цигари, возила и облека, изјави директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, на трибината  Платформа „100 проценти посветени за тебе“.

Тој рече дека затекнал крајно разочарувачка состојба во однос на контролите, а дека минимални биле функциите на царината во откривање на криминалот.






– Воспоставуваме ред при што во јули е остварена историски рекордна наплата на приходи во еден месец во износ од 12 милијарди денари или 16,6% повеќе од лани – рече тој.

Николовски информира и дека само во текот на август се покренати 18 дисципински постапки, а дел од овие активности се и неодамнешните апсења во рамки на Царинската управа од страна на МВР по налог на Јавното обвинителство.

– Бидете убедени дека новото раководство многу внимание посветува на внатрешната контрола. Управата е обемна институција со 1.200 вработени, со многу внатрешни испостави и многу гранични премини. Насоката е дадена, редот, работата и дисциплината се единствените критериуми според кои ќе се цени, за сѐ друго ќе има санкционирање како што и се случи – рече Николовски.

Поврзани содржини