ЗГОЛЕМЕНА ОЗОНСКАТА ДУПКА НАД АНТАРКТИКОТ Австралиските пожари предизвикале аномајлии во стратосферата

Научници од британскиот Универзитет „Ексетер“ преку комбинација на сателитски снимки со компјутерски пресметки за однесувањето на површинските аеросоли, утврдиле присуство на чад високо во земјината атмосфера.

274

Интензивните шумски пожари што неколку години наназад го зафаќаа австралискиот континент, уништија големи површини дивина, усмртија многу животни, а чад ги прекри големите градови. Научниците неодамна открија дека опожарената биомаса придонела за најголемо загревање на стратосферата, како и оти влијаело врз зголемувањето на озонската дупка над Антарктикот.

Научници од британскиот Универзитет „Ексетер“ преку комбинација на сателитски снимки со компјутерски пресметки за однесувањето на површинските аеросоли, утврдиле присуство на чад високо во земјината атмосфера.






Пожарите уништиле површини на повеќе од 5,8 милиони хектари, а пламенот бил со толкав интензитет што наместа се формирала сопствена микро-клима, со карактеристики на долготрајно, неколкудневно невреме проследено со грмотевици и чад. Воздушните вртлози го подигале чадот високо во атмосферата, каде честичките дополнително се загревале, добивајќи уште повеќе на височина. Честички чад се регистрирани и на височина од 35 километри, задржувајќи се високо во атмосферата за период и до два месеци.

Облаците создадени од честички што ја блокираат сончевата светлина, ја апсорбирале инфрацрвена светлина во стратосферата и предизвикале значително затоплување на тој слој од атмосферата.

Кога станува збор за состојбата со озонската обвивка на Земјата, познато е дека аеросолите ослободени при големите вулкански ерупции придонесуваат за нејзино уништување. Она што е ново е тоа што неодамнешните студии покажуваат дека и честичките од шумските пожари можат да го направат истото.

Хемиските реакции што се случуваат на површината на честичките од чад ги „трошат“ молекулите на озонот. Мапирањето на вертикалната дистрибуција на озонот на јужната хемисфера во 2020 година изнесе докази за оштетување на озонот предизвикано од чад, се посочува во истражувањето објавено во специјализираното списание „Science Advances“.

Поврзани содржини