ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ Најдолги колоните на Табановце и на Богородица
По околу половина час се чека за влез во државава на Табановце и за излез од државава на Богородица, информира утрово Автомотосојузот на Македонија.
Во периодот на годишните одмори зголемена е фреквенцијата на граничните премини за влез и за излез од Македонија. Најфреквентно вообичаено е на граничните премини Табановце и Богородица. По околу половина час се чека за влез во државава на Табановце и за излез од државава на Богородица, информира утрово Автомотосојузот на Македонија.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен“, соопшти АМСМ.