ЗГОЛЕМЕН РИЗИК ОД ШЛОГ И ИНФАРКТ Ксилитолот како природен засладувач не е веќе толку безопасен
Ксилитолот достигна високо ниво кај светската популација во последните неколку децении поради внесот на преработена храна засладена со замена за шеќер.
Нискокалоричниот засладувач наречен ксилитол, кој се користи во многу намирници со намалена содржина на шеќер и производи за широка потрошувачка, како што се гуми за џвакање и паста за заби, може да биде поврзан со речиси двојно поголем ризик од срцев удар, мозочен удар и смрт кај луѓето кои консумираат големи количини на овој засладувач, пренесува Си-Ен-Ен.
„На здравите доброволци им дадовме типичен пијалак со ксилитол за да видиме колку високи ќе бидат нивоата на гликоза и тие се зголемија илјада пати“, вели водечкиот автор на студијата д-р Стенли Хејзен, директор на Центарот за кардиоваскуларна дијагноза и превенција на Институтот за истражување Лернер во Клиниката Кливленд.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.