ЗГОЛЕМЕН БРОЈ АВТОБУСИ ЗА ДУХОВДЕН Линиите 59 ќе сообраќаат од Карпош, Ново Лисиче и од Кисела Вода

Утре, (02.06.2023 год) билетарниците и центрите за персонализација нема да работат, а во сабота (03.06.2023 година) ќе имаат редовно работно време.

149

Поради верскиот празник Духовден, утре, (02.06.2023 година) и во сабота (03.06.2023 година) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен, со исклучок на линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 51, 55, 55Б, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред, информираат од ЈСП Скопје.

Во недела (04.06.2023 год) сите возила од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.






Утре, (02.06.2023 година), во сабота (03.06.2023 година) и во недела (04.06.2023 година), на линиите 59 (Карпош3 – Кучевишка бара – Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче – Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода – Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.

Утре (02.06.2023 год) билетарниците и центрите за персонализација нема да работат, а во сабота (03.06.2023 година) ќе имаат редовно работно време.

Жичарницата утре (02.06.2023 година) ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот.

 

Поврзани содржини