ЗГОДНАТА СОЛУНЧАНКА ШТО ЈА ПОСРАМИ ЦЕЛА ЕВРОПА Која е Ева Каили, зошто Папандреу не ја сака и зошто ја нарекоа тројански коњ?

На кризната седница на Клубот на пратениците ПАСОК, тогашниот генерален секетар на партијата Сократес Ксинидис ја нарече младата парламентарка „курва“.

7,849

Можеби најубавата политичарка во Грција во последните години, солунчанката Ева Каили има кариера во која од партијата ПАСОК од каде потекнува, социјалистите ја нарекле „курва“ кога ја критикувала должничката криза, за претходно Јоргос Папандреу да ѝ го украде советничкото место во градот. Годинава Каили дојде на местото потпретседателка на Европската парламент за набрзо да биде првообвинета во корупциски скандал кој ја засрами цела Европа, пишува ДејлиМејл.

Папандреу ѝ го украде местото






Социјалдемократите во Грција побрзаа да ја наречат „тројански коњ на конзервативците“ веднаш откако изби веста дека таа, заедно со уште три лица успеале да извлечат 600.000 евра, наводно од Катар, мобилни телфони и лаптопи. Каили во ЕП беше задолжена токму за земјите од Персискиот залив, а таа за Катар, чудесно изјави дека тоа е земја „лидер во правата на работниците“. Европските власти со месеци се сомневале дека Катар пробува ја подмити ЕУ за да не се дознае за вистинскиот третман на работниците, за кој се пишуваше пред почетокот на Светското првенство.

Но, не ѝбило лесно на Каили да влезе во политиката иако со својата убавина веднаш ја забележал Спирос Вугиас, нејзиниот прв ментор. Дали напредувала само поради убавината? 

„Беше тешко да се соочам со тој менталитет. Но, така научив да си поставувам поголеми цели за себе. Можеби немаше да работам толку напорно ако не требаше да докажувам нешто“, пишува во профилот направен на ДојчеВеле за Ева Каили.

Студентката по архитектура, која ќе освои советничко место во градот Солун, отпрвин нема да ја оствари својата желба, бидејќи Јоргос Папандреу ќе може да бира во кој град сака да го оствари советничкото  место, според тогашните изборни правила. Тој го избира Солун иако градот е само втор по големина во Грција. 

фото: твитер/принтскрин

Од ТВ-водителка до европратеничка

Каили ќе се пренасочи на новинарството и неколку години ќе биде ТВ-водителка во пладневниот магазин на грчката МЕГА, само со завршен шестмесечен курс. Во подоцнежното интервју за телевизијата, младата политичарка во наплив на емоции зборуваше за тоа колку била „тажна“ кога Папандреу го зел за себе мандатот освоен во Солун.

Тој, рече таа, ја донел таа одлука очигледно и затоа што очекувал младата политичарка да му прави помалку проблеми од некои постари, етаблирани социјалисти. Дали тоа беше вербален удар врз шефот? Во секој случај, Каили рече дека се чувствувала „мотивирано и пркосно“ во тоа време.

Нејзината шанса дојде малку подоцна. Ева Каили повторно доби пратенички мандат во 2007 година, но потоа ѝ беше дозволено да го задржи. Многу сопартијци ја дочекаа со скептицизам. Тонот стана доста остар за време на грчката должничка криза. Откако премиерот Папандреу во 2011 година најави референдум за условите што ги диктираа кредиторите на Грција, по што беше критикуван од партнерите од ЕУ, дојде до раскол со министерот за финансии Евангелос Вензелос.

Од ПАСОК не ѝ се извинија на Каили

Каили изненадувачки застана на страната на Венизелос, по што се најде на мета на голем број високи социјалисти. На кризната седница на Клубот на пратениците ПАСОК, тогашниот генерален секетар на партијата Сократес Ксинидис ја нарече младата парламентарка „курва“.

Премиерот Папандреу не сметаше дека е потребно да реагира. Иако Каили бараше поведување внатрепартиска дисциплинска постапка, овој вербален напад никогаш не беше казнет. Ксинидис во меѓувреме ја напушти политичката сцена. Во подоцнежното интервју за весникот То Вима, Каили рече дека тој требало, пред сè, да им се извини на своите гласачи.

фото: EPA-EFE/JALAL MORCHIDI

Битката со Никос Андрулакис

Во јануари годинава со големо мнозинство гласови на функцијата потпретседателка на Европскиот парламент беше избрана токму Гркинката. Меѓу претставниците на ПАСОК во Брисел е Никос Андрулакис, млад инженер од Крит. Двајцата се многу различни: Андрулакис доаѓа од скромно потекло, на прв поглед е повлечена личност, како политичар се залага за враќање на социјалистичките вредности.

А дека има голем политички талент, стана јасно во декември 2021 година, кога Андрулакис беше избран за нов претседател на грчките социјалисти – го победи и поранешниот премиер Папандреу. Тој сега ѝ е шеф на Каили. Следеше раздор во текот на летото, кога Андрулакис се прогласи за жртва на скандал со прислушување, по што Каили се огради од него.

Да не ги туркаме работите под тепих

Потоа следеше Светското првенство и врските со Катар. Каили беше разрешена набрзо откако изби скандалот бидејќи тој ја загрозува репутацијата на Европарламентот. Нејзиниот имот во Грција беше замрзнат. А, нејзиниот став е дека парите не биле нејзини.

–     –  Позицијата на Каили е дека парите што беа најдени во нејзиниот дом, а ги донел нејзиниот партнер, не знаела дека постојат, а кога дозна, без да знае од каде потекнуваат, побара да бидат отстранети и да му бидат дадени на сопственикот – рече нејзиниот адвокат во интервју за грчката ТВ Скај.

Скандалот ќе биде тема и на денешната седница на Европски совет. Претседателката на ЕП, Роберта Мецола изјави:

– Тоа е силен удар за демократијата и за сето она што досега го направивме. На овој самит ќе испратам порака дека нема да ги туркаме работите под тепих. Ќе направам сè што можам заедно со моите колеги да го вратиме позиција на Европскиот парламент како дом на демократијатачиста, транспарентна и не за продажба посочи Мецола.

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА МЕГА КОРУПЦИСКИОТ СКАНДАЛ ВО БРИСЕЛ Подигнати обвиненија против 4 лица, не се знае дали ќе куртули Гркинката Каили

Поврзани содржини