ЗГАЗИЛ ДЕВОЈЧЕ СО „МЕРЦЕДЕС“, ГО НАШЛЕ ЗА 2 ЧАСА Мортус пијан возач дивеел низ Македонска Каменица
По интензивна потрага, полицијата го пронашла возачот во 2.10 часот на 13 август и утврдила дека имал 1,99 промили алкохол во крвта. Тој бил приведен и задржан во полициската станица.
Пијан возач синоќа со „мерцедес“ удрил 13-годишно девојче во Македонска Каменица. Возачот избегал, но набрзо полицијата го пронашла, јави Министерството за внатрешни работи. Според полицискиот билтен, несреќата се случила околу 23 часот на 12 август, кога возилото со италијански регистарски таблички удрило во детето на улицата Каменичка.
Девојчето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Клиничката болница во Штип.
По интензивна потрага, полицијата го пронашла возачот во 2.10 часот на 13 август и утврдила дека имал 1,99 промили алкохол во крвта. Тој бил приведен и задржан во полициската станица.
„Возачот е задржан до целосно документирање на случајот“, соопшти МВР.
Против лицето е поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно овизло.