Згаснаа пет животи, а 29 се новозаболени од коронавирусот

1,133

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти заболени од коронавирус. Во Куманово дома почина уште еден пациент потврден на вирусот на возраст од 53 години, потврди Министерсвото за здравство.

Станува збор за пациент од Куманово (52г), за пациентка од Лабуништа-Струга (65г), пациентка од Челопек – Тетово (62г) и една пациентка од Штип (81г).






Во изминатите 24 часа, регистрирани се 29 нови случаи, позитивни на коронавирусот и тоа во Скопје – 15, во  Куманово -7, Прилеп – 1, Струга 3 и Кочани – 3.

„Во изминатото деноноќие направени се 386 теста. Од нив преку ИЈЗ- 229, преку Ветеринарен факултет –8, Авицена –22 , Биотек – 22 и Фипил Втори (Жан Митрев) –105 . Досега во земјата се направени  5.879 тестирања на Ковид-19“, информира Министерсвоо за здравство.

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 599 лица. Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во: Скопје – 254, Куманово – 128, Дебар – 49, Штип-20, Прилеп –34, Тетово – 29, Струга – 28, Битола –6
Охрид –3, Кавадарци – 2, Гостивар – 4, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка- 3, Радовиш -4, Крушево – 2, Кочани – 17.

Поврзани содржини