📸 ЗЕТОТ НА ТРАМП ОБЈАВИ СЛИКИ „Возбуден сум, ќе градам во Србија и во Албанија“
Возбудени сме да споделиме некои рани дизајн слики за развојни проекти што ги создававме за албанскиот брег и за центарот на Белград, напишал Кушнер.
Зетот на Трамп, Џаред Кушнер, објави четири фотографии од проектите што ќе ги реализира во Србија и Албанија, откако ја најави својата инвестиција во недвижен имот на Балканот. Според досегашните информации, зетот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп сака да инвестира во два проекта.
Во најавената голема инвестиција на Балканот, тој планира да инвестира милиони во Србија и Албанија.
Excited to share some early design images for development projects we have been creating for the Albanian coast and downtown Belgrade. @nytimes @business pic.twitter.com/o0HIYLkZWV
— Jared Kushner (@jaredkushner) March 15, 2024
Едната инвестиција се однесува на развој на остров во близина на брегот на Албанија, додека другиот проект се однесува на луксузен хотел во Србија, кој ќе се состои од 15.000 станбени единици.
Детали од проектот се објавени во напис во „Њујорк тајмс“, а ги откри и српскиот претставник Александар Јовановиќ, кој рече дека министер во Владата на Србија е задолжен за потпишување меморандум за разбирање со две компании поврзани со Доналд Трамп.
Медиумите од регионот веќе пишуваа дека Кушнер е исто така поврзан со фирмата која треба да изгради хотел врз разрушениот генералштаб во Белград, зграда која беше бомбардирана во 1999 година.
ЗЕТОТ НА ТРАМП ЌЕ ГРАДИ ОДМОРАЛИШТА ВО АЛБАНИЈА Меракот им го фрлил на Сазан и на Зврнец