ЗЕТ ГО ПРЕТЕПАЛ СЕМЕЈСТВОТО НА СОПРУГАТА Баба му и шурата завршиле во штипската болница

368

Полициски службеници од СВР Штип доцна синоќа (3 август) го лишиле од слобода С.К.(37) од село Таринци, општина Карбинци, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот на родителите на неговата сопруга физички ги нападнал сопругата и нејзините брат, мајка и татко, при што употребил остар и тврд предмет, информира МВР.

Тие биле пренесени во Клиничка болница, каде што на мајката и на братот на сопругата на С.К. им биле констатирани тешки телесни повреди.






Насилникот бил задржан во полициска станица.

Поврзани содржини