ЗЕМЕТЕ СИ ЧАДОР ЗА СЕКОЈ СЛУЧАЈ Променливото време ќе трае до среда

Од вторник облачноста ќе се намалува, а од среда времето ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури.

179

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи, на планините и на некои повисоки места од снег, а во пониските од дожд кој повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер, уште од претпладне, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Слаб снег ќе има и преку ноќта понекаде во планинските региони. Температурите ќе бидат во интервал од -1 до 9 степени.






Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за слаб повремен дожд, на повисоко со услови за слаб снег и со слаб северен ветер. Температурите ќе бидат во интервал од 3 до 9 степени.

Од вторник облачноста ќе се намалува, а од среда времето ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури.

Поврзани содржини