Земени брисеви од Спасовски и од Филипче, попладне ќе ги добијат резултатите

510

Претпладнево се земени микробиолошки брисеви за да се утврди присуство или отсуство на ковид-19 од премиерот Оливер Спасовски и од министрите Венко Флипче, Бујар Османи, како и функционери кои беа во самоизолација една недела по состанокот со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Анализите на нивните материјали се во тек во лабораторијата на Институтот за јавно здравје и ќе бидат познати попладнево. Материјалот се анализира 2 до 3 часа.






Вицепремиерот Бујар Османи веќе објави дека е негативен на ковид-19 на својот Фејсбук профил.

Проверката на присуство на вирусот кај владините функционери е откако во среда минатата недела тие присуствуваа на седница на Кризниот штаб во Куманово, а по којашто следниот ден  градоначалникот Максим Димитриевски дозна и објави дека е позитивен.

Во самоизолација потоа веднаш беа ставени Спасовски, министрите за здравство и за образование, Венко Филипче, Арбор Адеми и други функционери, но и 10-тина новинари и сниматели.

 

Поврзани содржини