📽 ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО САРАЕВО ВО ПРОГРАМА ВО ЖИВО Погледнете ја реакцијата на водителката на утринската програма

„Па луѓе мои, колку се исплашив...“, напиша водителката Вања Семиќ подоцна во објава на Фејсбук.

1,909

 

Силен земјотрес го погоди поширокото подрачје на Сараево понеделникот наутро. Според ЕМСЦ, земјотресот бил со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала.






Набргу по земјотресот, многу жители на Босна и Херцеговина ги споделија своите искуства со земјотресот на социјалните мрежи

Моментот на земјотресот го снимија и камерите на Телевизија Сараево, а реакциите на водителката и на гостинката во утринската емисија која во тој момент се емитуваше во живо, завршија на интернет.

На сред утринска програма сè почна да се тресе.

-Мислам дека беше земјотрес – изјави гостинката Амра Селимовиќ во студиото .

-Дали ова беше земјотрес – праша водителката Вања Семиќ, изненадена и збунета во моментот.

Иако имаше смеа, дамите искрено се исплашиле од земјотресот.

„Па луѓе мои, колку се исплашив…“, напиша таа подоцна во објава на Фејсбук.

Поврзани содржини