ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО БОСНА ГО СТРЕСЕ РЕГИОНОТ Потресот бил со јачина од 4,8 степени
Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот ги погодил Сараево, Мостар, Широки Бријег и Зеница. Засега нема податоци за жртви и причинета штета.
Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала е почувствуван утрово околу 8,07 часот низ цела Босна и Херцеговина.
Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот ги погодил Сараево, Мостар, Широки Бријег и Зеница. Засега нема податоци за жртви и причинета штета.
Земјотресот е почувствуван и во Србија, поточно во Белград.
Според корисниците нa Твитер, земјотресот бил почувствуван и во Хрватска и на црногорското крајбрежје.