ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ЈАПОНИЈА ГО ПОМЕСТИЛ ТЛОТО Некаде за 1,3 метри, а некаде за 80 сантиметри

529

Експертите проценуваат дека силниот земјотрес што вчера ја погоди јапонската префектура Ишикава го поместил тлото во регионот Ното до 1,3 метри на запад.

Јапонската агенција за геопросторни информации (GSI) ги анализирала податоците од GPS по земјотресот со јачина од 7,6 степени, а најголемото движење е забележано во градот Ваџима, на околу 1,3 метри на запад.






Движењето на земјата кон запад за околу еден метар е забележано во градот Анамизу, а за околу 80 сантиметри во градот Сузу, јавуваат јапонските медиуми.

Неколку силни земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала, вчера ја погодија јапонската префектура Ишикава на брегот на Јапонското Море.

 

Поврзани содржини