ЗЕМЈОТРЕСОТ КРАТКО ГИ ПРИЗЕМЈИ АВИОНИТЕ Летовите во Њујорк привремено беа во прекин

268

Летовите на аеродромите во Њујорк привремено беа прекинати откако најголемиот град на американскиот континент денеска го погоди земјотрес со јачина од 4,8 степени, објавија локалните медиуми.

Претходно, Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил со интензитет од 4,7 степени според Рихтеровата скала.






Летовите беа кратко прекинати на меѓународниот аеродром „Џон Ф. Кенеди“, пред да продолжат, додека пристигнувањата на аеродромот „Њуарк либерти“ беа дозволени постојано, соопшти сојузната управа за авијација, пренесува Си-Ен-Ен.

Земјотресот бил почувствуван и во неколку други сојузни држави, вклучувајќи ги Мејн, Конектикат, Њу Хемпшир и Њу Џерси.

По земјотресот накратко беше прекината и седницата на Советот за безбедност во седиштето на Обединетите нации во Њујорк. Претходно, Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Поврзани содржини
na