Земјотресот кај Лариса почувствуван во Македонија
Епицентарот бил на 32 километри северозападно од Лариса во 19:15 часот по локално време со јачина од 4,1 степен според Рихтер.
Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтер, се случи во централна Грција, во близината на Лариса каде што во последниот месец се случија неколку силни, и многу умерени земјотреси.
Епицентарот бил на 32 километри северозападно од Лариса во 19:15 часот по локално време.
Земјотресот се почувствувал и во северниот дел на Грција, а со послаб интензитет и во јужните делови на Македонија.