ЗЕМЈОТРЕС ВО ОХРИД И ОКОЛИНАТА Засега нема информации за евентуални штети

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот на земјотресот бил на 9 километри североисточно од Охрид и на 66 километри од Елбасан во Република Албанија.

4,358

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 4.34 часот во Охрид и регионот.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот на земјотресот бил на 9 километри североисточно од Охрид и на 66 километри од Елбасан во Република Албанија.






Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје објави дека утрово се почувствувани серија земјотреси  чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пештани- Охрид -Струга, 102 км југозападно од Скопје.

„Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, од серијата на земјотреси, почувствуван е земјотресот во 4.34 часот во Охрид и блиската околина со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала, а во останатите југозападни делови од Републиката, земјотресот е почувствуван со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала“, соопшти Опсерваторијата.

Засега нема информации за евентуални штети.

Поврзани содржини