ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА Епицентарот во Валандово, почувствуван и во Струмица

Сеизмолошката опсерваторија утринава информираше дека земјотресот е регистриран ноќеска во 2.13 часот.

176

Земјотрес со интензитет од 3 степени по Европската макросеизмичка скала ноќеска е регистриран во земјава. Епицентарот на земјотресот потекнува од валандонското епицентрално подрачје, 116 километри југоисточно од Скопје.

Сеизмолошката опсерваторија утринава информираше дека земјотресот е регистриран ноќеска во 2.13 часот со Рихтерова локална магнитуда 2,2.






Според досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и околината

Поврзани содржини