ЗЕМЈОТРЕС „ТЕЖОК“ 103 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Анкара направи процена, половина од сумата е за оштетените станбени објекти

Најголем дел од штетата, 54,9 отсто, е причинета на станбени згради во износ од 56,9 милијарди долари, објави порталот на турскиот канал „НТВ“.

157

Штетите предизвикани од катастрофалните земјотреси во Турција на почетокот на февруари достигнаа 103,6 милијарди долари, што е околу девет отсто од проектираниот БДП за 2023 година, соопшти денеска Министерството за финансии во Анкара.

Таа сума е шест пати поголема од штетата предизвикана по земјотресот во Мармара во 1999 година.






Најголем дел од штетата, 54,9 отсто, е причинета на станбени згради во износ од 56,9 милијарди долари, објави порталот на турскиот канал „НТВ“.

Штетите на јавните инфраструктурни и комунални објекти изнесуваат 12,9 милијарди долари, додека во економскиот сектор штетата е 11,8 милијарди долари.

Во таа бројка се вклучени штетите направени во енергетиката, туризмот, здравството, образованието и други сектори.

Во земјотресите на 6 февруари во Турција загинаа околу 50.000 луѓе.

Поврзани содржини