📽️ ЗЕМЈОТРЕС СО ЈАЧИНА ОД 7,6 СТЕПЕНИ ЈА ПОГОДИ ЈАПОНИЈА Властите издадоа предупредување за цунами

Телевизијата сопшти дека бранови високи и до 5 метри стигнале до Ното.

590

Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала го погоди центрачниот регион Ното во Јапонија. Јапонските власти издадода  предупредување за можно цунами, пренесе Би-Би-Си. Од жителите во крајбрежната област Ното во префектурата Ишикава беше побарано „веднаш да се евакуираат на повисоките места“, соопшти националната телевизија.

Повеќе од 32.500 домови останале без струја во Ишикава.






Телевизијата сопшти дека бранови високи и до 5 метри стигнале до Ното.

Властите исто така издадоа предупредувања за цунами за соседните префектури Ниигата и Тојама, предупредувајќи дека брановите таму би можеле да достигнат 3 метри.

Земјотреси се регистрирани во близина на Хоншу.

Епицентарот на послабиот земјотрес бил на длабочина од 10 километри недалеку од Анамизу. Се работи за три удари од кои најсилниот достигнал 7,6 степени.

 

 

 

 

 

Поврзани содржини