ЗЕМЈОТРЕС СИНОЌА ГИ ВОЗНЕМИРИ ЖИТЕЛИТЕ НА ДЕБАР Епицентарот на потресот бил во Албанија
Епицентарот на земјотресот бил на 127 километри југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда ML3.2.
Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван синоќа во 23.37 часот во југозападниот дел од земјава, во Дебар и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот на земјотресот бил на 127 километри југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда ML3.2.