Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 2 минути, регистрира земјотрес на подрачјето Тетово-Гостивар со епицентар на 50 км југозападно од Скопје. Земјотресот беше со локална Рихтерова магнитуда 2.9.
Според досегашните податоци земјотресот беше почувствуван од населението во Кичево, Дебар, Гостивар и Маврово со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.