Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала е почуствуван вечерва во 22: 06 минути во охридско-струшкиот регион.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил со епицентар во близина на Горно Лакочереј на 6 км северно од Охрид, на длабочина од 15 километри.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, при Природно-математичкиот факултет во Скопје, исто така вечерва во 22 часот и 6 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 103 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.8.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и блиската околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.
