Земјотрес од три степени почувствуван во Љубљана

Според првите податоци, епицентарот бил на десет километри источно од Љубљана, во близина на Домжале.

258

Земјотрес со јачина од 3,0 степени според Рихтеровата скала  денеска околу 13.30 часот е почувствуван во Љубљана. Жителите на словенечкиот главен град го опишале како да имало подземна експлозија.

Земјотресот го потврди и Европскиот медитерански сеизмолошки институт (ЕМСЦ), а  словенечките сеизмолози објавија дека јачината на земјотресот е 2,9 степени според Рихтеровата скала.






Според првите податоци, епицентарот бил на десет километри источно од Љубљана, во близина на Домжале.

Поврзани содржини
na