📷 📽️ ЗЕМЈОТРЕС ОД 8,8 СТЕПЕНИ ПРЕДИЗВИКА ЦУНАМИ Русија, Јапонија и Хаваи наредија евакуација

Моќен земјотрес со јачина од 8,8 степени го погоди рускиот полуостров Камчатка, активирајќи серија од цунами-бранови кои веќе го зафатија регионот и Курилските острови. Јапонија, Хаваи и други земји издадоа наредби за итна евакуација, додека тлото сè уште не се смирува.

4,360

Моќен земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа околу градот Петропавловск на полуостровот Камчатка во Русија. Силниот потрес, кој траел неколку секунди, веднаш активирал опасен бран цунами што го зафати брегот и ги потопи делови од Курилските острови.

Првичните информации говорат за повредени лица, а локалните власти се во трка со времето – жителите се евакуираат на повисоки места. Гувернерот на Сахалин, Валери Лимаренко, изјави дека операциите за евакуација се во полн ек додека се очекуваат нови бранови во текот на наредните часови.






Паниката брзо се прошири и во други делови од Пацифичкиот Океан. Јапонија, Хаваи, западниот брег на САД, Чиле и други земји издадоа аларм за цунами и започнаа мерки за заштита на населението. Американскиот систем за рано предупредување предвиде бранови од над три метри за делови од Русија и Еквадор, додека помали, но сè уште опасни бранови се очекуваат во Хаваи, Јапонија и Чиле.

Тлото не мирува – повеќе последователни потреси се почувствувани во регионот, а експертите предупредуваат дека активноста може да продолжи со денови.

 

Поврзани содржини