ЗЕМЈОТРЕС ОД 7 СТЕПЕНИ НА ФИЛИПИНИ Најмалку двајца загинале, 10 повредени (ГАЛЕРИЈА)

Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија ги предупреди граѓаните на можноста од последователни потреси, но додаде дека нема опасност од цунами.

140

Земјотрес со јачина од 7 степен според Рихтеровата скала е регистриран на Филипините утрово во 2.43 часот, соопшти ЕМСЦ.

Фото: EPA-EFE/OCCB

 






Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри и на  13 километри југоисточно од гратчето Долорес на островот Лузон во планинска област.

Фото: EPA-EFE/Bureau of Fire Protection (BFP)

 

Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија ги предупреди граѓаните на можноста од последователни потреси, но додаде дека нема опасност од цунами.

Фото: EPA-EFE/Bureau of Fire Protection (BFP) 

 

Во потресот има најмалку 2 загинати лица, а 10 се повредени.

Фото: EPA-EFE/Bureau of Fire Protection (BFP)
Поврзани содржини