ЗЕМЈОТРЕС ОД 5,9 СТЕПЕНИ ВО КУБА Нема информации за повредени и причинета материјална штета

Земјотресот е регистриран на длабочина од 25 километри и епицентарот на 53 километри од Бајамо во правец југ-југоисток. 

79

Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Куба, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 25 километри и епицентарот на 53 километри од Бајамо во правец југ-југоисток.






Нема информации за повредени и причинета материјална штета.

Да потсетиме, на почетокот на ноември Куба ја погоди земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала. Во овој земјотрес беа оштетени многу згради, немаше струја, а граѓаните не спиеја во своите куќи навечер.

Поврзани содржини