ЗЕМЈОТРЕС ОД 4,3 СТЕПЕНИ ВО ИТАЛИЈА Епицентарот бил во близина на градот Мачерата
Земјотресот се случил на длабочина од 2 километри под површината на земјата.
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на централна Италија неколку минути по полноќ.
Епицентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC, бил на 8 километри од градот Мачерата, на длабочина од 2 километри.