ЗЕМЈОТРЕС ОД 4,2 СТЕПЕНИ ВО АЛБАНИЈА Се тресело и во Охрид и Дебар

298

Земјотрес со интензитет од 4,2 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран на територијата на Албанија.

Потресот бил во 14:50 часот  на длабочина од 10 километри со  епицентар во Видас на 10 километри од Елбасан, а е почувствуван и во Тирана и во Драч.






Засега нема информации за причинета материјална штета.

Поради близината, земјотресот е почувствуван и на македонска територија, во Струга, Охрид и во Дебар.

Поврзани содржини