ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,5 СТЕПЕНИ ГО СТРЕСЕ ОХРИД „Кратко, но моќно“

723
Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Македонија, јавува ЕМСЦ.

Земјотресот се случи во 14.07 часот, на 15 километри од Охрид, на длабочина од 10 километри.

Засега нема информации за повредени или за материјална штета.

Граѓаните на веб-страницата на ЕМСЦ пишуваат дека земјотресот траел кратко, но дека го почувствувале.

„Кратко, но моќно“, се коментарите на граѓаните.

„Денеска, во 14 часот и 07 минути, регистриран е земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентралното подрачје Охрид, 125 километри југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда од 3,6 степени“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Охрид и околината, со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала, a со интензитет од III-IV според Европската макросеизмичка скала истиот е почуствуван во повеќе места од Охридско-Струшкиот регион, како и во дел од пограничните подрачја со Албанија, информираат од Сеизмолошката опсерваторија. 

Поврзани содржини