ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,4 СТЕПЕНИ ВО БИХ Епицентарот бил близу Мостар

143

Босна и Херцеговина денеска околу 12 часот ја стресе земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала, според  првите информации од апликацијата на ЕМСЦ.

Епицентарот бил 20 километри југозападно од Мостар, односно 13 километри северно од Љубушки.






Земјата се тресела пет до шест секунди, објавија локалните медиуми, а претходел силен и гласен удар.

Според информациите од ЕМСЦ, земјотресот се случил на длабочина од седум километри.

Поврзани содржини