Земјотрес го стресе Драч, почувствуван и во Македонија

Епицентарот на земјотресот беше во местото Шетај на брегот на Јадранско Море, на 28 километри северно од Драч и 20 километри југозападно од Лач, на длабочина од два километра.

844

Земјотрес со интензитет од 3,8 степени според Рихтеровата скала, попладнево ги вознемири жителите на пристанишниот град Драч и Лач, а почуватсвуван е и во Тирана и други делови во Албанија.

Со многу послаб интензитет е почувствуван и во западниот дел на Северна Македонија.






Епицентарот на земјотресот беше во местото Шетај на брегот на Јадранско Море, на 28 километри северно од Драч и 20 километри југозападно од Лач, на длабочина од два километра.

Ова подрачје е сеизмичко и беше најпогодено од катастрофалниот земјотрес со интензитет од 6,4 степени на 26 ноември 2019 година, при што загинаа 51 лице, над илјада беа повредени, илјадници луѓе останаа без своие домови, а предзвиканата штета беше процената на повеќе од 1,2 милјарди евра.

На 20 овој месец беше регистрран земјотрес со интензитет од 4,4 степени со епицентар во Подградец на 145 километри југозападно од Скопје, а беше почувствуван во југозападните делови на Северна Македонија со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала, а вчера со епцентар во Корча со интензитет од 3,1 степен.

Поврзани содржини