Земјотрес ги вознемири охриѓани, епицентарот во Охридското Езеро
На социјалните мрежи на големо се пишува дека причина за земјотресот е намалениот водостој на Охридското езеро за неколку сантиметри, но тоа научно досега не е потврдено.
Земјотрес со јачина од 2,7 степени по Рихтер регистриран е синоќа во охридскиот регион.
Според податоците од ЕМСЦ, земјотресот е регистриран во 01 часот и 24 минути после полноќ, со епицентар во Охридското езеро, на длабочина од 2 километри.
На социјалните мрежи на големо се пишува дека причина за земјотресот е намалениот водостој на Охридското езеро за неколку сантиметри, но тоа научно досега не е потврдено.