ЗЕМЈОТРЕС ЈА ЗДРМА АЛБАНИЈА Го почувствувале и во Западна Македонија
Земјотресот има епицентар на 170 километри од Скопје, во соседна Албанија, а неговата магнитуда од III степени според Европската макросеизмичка скала, била почуствувана во северните и западните делови на Македонија.
Земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Албанија на 170 километри северозападно од Скопје регистриран е денеска во 14 часот и 26 минути, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML4.2, а беше почувствуван од населението во северозападните делови со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.