ЗЕМЈОТЕРЕС ОД 3 СТЕПЕНИ ВО СЕВЕРОЗАПАДНИОТ ДЕЛ Епицентарот бил во Албанија

Земјотресот е почувствуван во северозападниот дел на земјава.

218

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала синоќа во 22.13 минути бил почувствуван од населението, особено во северозападните делови од земјава, соопшти денеска Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот бил со Рихтерова магнитуда од 4,8 степени, а епицентарот се наоѓал во Република Албанија, 147 километри западно од Скопје.

Поврзани содржини